Дедо Мраз и градоначалникот на Битола поделија 1.700 новогодишни пакетчиња за најмладите (ФОТО)

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, во придружба на Дедо Мраз, денес ги посети дечињата од Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас и од паралелката за ученици со попреченост во ОУ Ѓорги Сугарев, каде најмладите беа израдувани со новогодишни пакетчиња.

Во желбата да им се разубават празниците на сите деца, општина Битола обезбедува вкупно 1400 новогодишни пакетчиња, а компанијата „КАМ“, како општествено одговорна компанија и оваа година учествува со донација од 300 пакетчиња за децата од социјално ранливи семејства или за оние дечиња кои се соочуваат со попреченост.

Целта на заедничката акција е да се овозможи новогодишната радост да стигне до секое дете и секој дом.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.