Група ентузијасти кои имаат за цел да им ги разубават Новогодишните празници на прилепчани, и оваа година по трет пат го повикаа во Прилеп дедото со бела брада, а тој овој пат се спушти со јаже по Градскиот Саат во центарот на градот.
Дедо Мраз донесе колетчиња за дечиња од ООУ “Добре Јованоски” и дечиња од социјално загрозени семејства, но и за голем број други дечиња кои случајно поминаа во центарот на градот.
Еден убав настан кој заслужува пофалби, а се надеваме дека ваквата иницијатива во иднина ќе биде поддржана од голем број компании, со цел да Дедо Мраз да израдува што поголем број дечиња.