Девојче цели 12 часа преживувало под урантини благодарејќи на својот татко

Тригодишно девојче преживеало уривање на повеќекатница во кинескиот град Венжоу бидејќи нејзиниот татко пред да загине со својата прегратка ја заштитил од урнатините.

devojce

Ву Нингси е пронајдена 12 часа по уривањето на зградата, а се здобила само со полесни повреди благодарејќи на нејзиниот татко, кој со своето тело ја заштитил од се што можело да падне врз неа.

– Детето преживеало само благодарејќи на тоа што нејзиниот татко со своето тело и создал простор за живот, изјавил еден од спасувачите.

При уривање на зградата животот го загубиле 22 лица, меѓу кои и мајката на девојчето, а спасени се петмина.

Причината за несреќата се истражува, но веројатно станува збор за комбинација од лоша градба, дотраеност на зградата и поројните дождови кои во последните денови го зафатија тој дел

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.