Асја Исовиќ е 9-годишно девојче од Сараево. Таа решила да ѝ прати разгледница на кралицата Елизабета и песна, а сосема неочекувано добила и одговор.
-Пристигна одговорот на Нејзиното Височество. Не можам да верувам дека се случи ова. Ова ќе биде една од најубавите работи во мојот живот, стои во описот на фотографијата со одговорот што ја споделила Асја.
Во писмото што го добила стои:
„Кралицата побара да ти се заблагодарам за рачно изработената разгледница, песната и прекрасните цртежи што ѝ го испрати на Нејзиното Височество.
Иако таа не е во можност лично да ти одговори, кралицата е воодушевена од твоето внимание и ги цени времето и трудот што си ги одвоила за да ги направиш разгледницата и подароците.“
#ICYMI. Asya, a 9-year-old artist ? in Sarajevo, wrote to The Queen ?? with some of her brilliant art, a card and poem. The Queen’s Lady-In-Waiting wrote back to pass on her thanks. https://t.co/OPTXiIcWas pic.twitter.com/VGM3xPWuRe
— Matt Field (@MattFieldUK) September 16, 2019