Девојки пијте пиво – постои цела низа причини зошто е корисно за женското здравје

Пивото е препознатлив алкохолен пијалок на мажите, и тие би навеле мал милион причини зошто им е меѓу омилените секојдневни пијалоци, но кога станува збор за жените кои пијат пиво, некако отсекогаш претставувало табу тема.

Сепак, постојат навистина проверени, докажани и оправдани причини зошто токму пивото е идеален алкохолен пијалок баш за жените.

Пивото е намирница која рамноправно се носи со останатите здрави и хранливи продукти. Умереното пиење алкохолни пијалоци има добар ефект на здравјето на човекот. Истражувањата покажале дека пивото, а особено темното, благотворно делува на здравјето и убавината на жените.

Во продолжение следуваат главните причини зошто е апсолутно добра идеја да испиете чаша пиво после напорниот работен ден….

Ги зајакнува коските

Жените кои пијат две чаши пиво секојдневно имаат посилни коски за разлика од оние припаднички на понежниот пол кои не уживаат во овој алкохолен пијалок. Ова е резултат на истражувањето спроведено од страна на Националниот универзитет за невропатска медицина во Орегон, САД, објавена во списанието „Natural Medicine Journal/Весник за природна медицина“.

Истата студија покажала дека пивото содржи значителни количини на биоразградлив силициум, што е еден од важните елементи од кои се изградени човечки коски. Токму затоа, умерена консумација е особено препорачлива за жени во менопауза, фаза која е неминовно поврзана со намалување на коскената густина.

Анти-воспалителни својства

Пивото е одличен извор на витамини и минерали како што се магнезиум, калциум и селен, кои го штитат целото тело од сезонски болести. Покрај тоа, содржи и многу антиоксиданси кои го зајакнуваат имунитетот на организмот.

Пивото е храна која подеднакво се носи и со другата здрава храна. Има горчлив вкус како маслиново масло, спанаќ, блитва или рукола. Основните состојки на хмељот имаат моќно анти-воспалително дејство кое ги инхибира ензимите одговорни за иницирање на воспалителни процеси во телото.

Позитивно влијае на кожата

Пивото е одличен извор на витамините од групата Б комплекс (тиамин, рибофлавин, нијацин, пантотенска киселина, пиридоксин, биотин, фолна киселина и кобаламин) кои се одговорни за убава и затегната кожа. Овие витамини помагаат да се задржи тонусот на мускулите и даваат енергија на целото тело.

Бидејќи потребното количество витамини од оваа група не се апсорбира само од храната, дневните потреби треба да бидат надокнадени на друг начин. Постои дури и „урбана“ легенда дека комарците ги одбегнуваат луѓето кои имаат избалансиран однос на витамините Б комплекс во телото.

Во древниот Египет, побогатите жени ја миеле косата со пиво, бидејќи после третманот станувала многу сјајна и убава.

Го „убива“ заморот

Појавата на замор, меѓу другото, често е поврзана со недостаток на железо во крвта. Железото тешко се апсорбира од храната, па затоа треба да се зема и на други начини. Темното пиво е добар извор на овој минерал. Додека пак ефектот од алкохолот може позитивно да ги реши проблемите со несоница.

Пивото е богат извор на витамините од Б групата, а особено Б12 (кобаламин). Овој витамин не се наоѓа во растителниот свет, а е одговорен за производство на црвени крвни клетки во организмот.

Го штити срцето

Умереното пиење на пиво ја зголемува количината на ХДЛ „добриот“ холестерол, го намалува нивото на ЛДЛ „лошиот“, ја разредува крв и на тој начин го намалува ризикот од срцев удар.

Една студија спроведена во Италија докажала дека жените кои пијат по една чаша пиво секојдневно, имаат за 42 отсто помала шанса да добијат кардиоваскуларна болест, за разлика од оние кои не пиеле алкохол воопшто.

Хидратација

Шпански истражувачи од Универзитетот во Гранада, докажале дека пивото има подобар хидратантен ефект врз телото отколку обичната вода, особено кога телото достигнува повисоки температури, како што е случајот кај посериозни рекреационисти и професионални спортисти.

Наздравје!

Извор: “Нетпресс”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.