Во драматичен меч во сите 70 минути, Вардар не успеа да му се одмазди на Ѓер и повторно се поразени. Мечот кој беше со многу пресврти, со силно темпо, со многу емоции, бескрајно драматичен и неизвесен, за жал повторно го добија Унгарките со 27:26.
Откако Ѓер го контролираше почетокот на натпреварот, кон крајот на првото полувреме Вардар со 3:0 серија стигна до водство од 7:8.
На полувремето се замина со 9:9.
Второто полувреме започна со жесток притисок на вардарки, па со два погодоци стигнаа до 9:11, а потоа речиси целиот натпревар се играше гол за гол.
на 30 секунди до крајот Лекиќ постигна погодок за водство од 19:20, а веднаш потоа Аморим изедначи на 20:20.
На 10 секунди до крајот ни беше одземена топката и натпреварот замина на продолженија.
Во првото продолжение се разигра Бразилката Аморим која продолжи да погодува и постигна 3 погодоци. Кај Вардар погодија Радичевиќ, Лекиќ и Чанаџија за 24:23 за Ѓер.
Во второто продолжение Ѓер стигна до три гола предност, а потоа Вардар се врати и со два погодоци на 26:25. Сепак, Аморим одново донесе два погодоци предност за Ѓер, а Пенезиќ не успеа да возврати.
На 60 секунди до крајот стелаше Лекиќ за 27:26, а Хрватката Чанаџија не успеа да изедначи, па Ѓер стигна до нова титула.
Без разлика на се’, вардарки се нашите шампионки. Македонија ќе ја памети оваа генерација, која после овој натпревар заминува и којзнае кога ќе се повтори.
СЕКОЈА ЧЕСТ ДЕВОЈКИ!