Викендов во Благоевград, Бугарија, се одржа големиот интернационален натпревар по модерни танци, SCAPTO DANCE, каде настапија и едни од најдобрите македонски репрезенти во танци, NEW GENERATION од Прилеп.
Нашите прилепчани свој настап имаа со една формација во категорија хип-хоп и неколку соло настапи.
Со формацијата KIDS DANCERS го освоија првото место и со тоа докажаа дека се една од најдобрите групи во Европа.
Во соло хип-хоп први места за Нина Димеска, Мидеа Георгиева и Јована Стојковска. Теона Стојаноска освои прво место во категорија опен, а Михаела Јованоска, Антонина Котеска, Ива Димоска и Марија Ристеска освоија втори места во своите категории.
Тимот девојки од Прилеп на натпреварот беше предводен од тренерот Ивана Богојевска.