Вчера во Кочани се одржа Државното првенство во борење за пионери и пионерки, на кое учество зеде и Боречкиот клуб “7-ми Мај” – Златна рака од Прилеп.
Прилепчани забележаа одлични резултати и освоија две први места, едно второ и три трети места во женска конкуренција.
Со први места се закитија Ангела Трајкоска и Тамара Цветкоска, втора беше Јована Мидовска, а третопласирани завршија Анабела Стојаноска, Јована Тодороска и Ана Марија Мицкоска.
Во севкупен пласман, БК “7-ми Мај” – Златна рака го освои второто место.