Клубот по естетско ритмичка гимнастика “АВАНТГАРД” од Прилеп се закити со грст медали на Меѓународниот куп “ЕВИТА КУП”- Свилајнца во Србија.
На турнирот учество зедоја над 500 учесници од соседните држави, меѓу кои и натпреварувачи од повеќе успешни клубови од Србија.
Поединечно, гимнастичарките од Прилеп ги постигнаа следните резултати:
Марија Тошеска категорија 2010 реквизит обрач (второ место), Јована Везенкоска категорија 2013 реквизит обрач – (трето место), Илина Кузманоска категорија 2014 топка – (прво место), Теa Петреска категорија 2011 јаже – (прво место), Јана Димоска категорија 2012 обрач-(четврто место), Галена Ацеска категорија 2013 без реквизит – (седмо место), Мелани Ристеска категорија 2014 без реквизит – (15 место), Анастасија Нешкоска категорија 2010 реквизити лента и обрач (20 место).
Со овие резултати од клубот “АВАНТГАРД” од Прилеп, по којзнае кој пат покажаа дека упорноста, трудољубивоста и посветеноста даваат успех. Честитки за нивните девојки и желби за уште поголеми успеси во иднина.