Во рамките на квалификацискиот меч за настап во Лигата на шампионите, македонскиот шампион во женски фудбал Саса Каменица, загуби од женскиот тим на Јувентус во Торино со 12:0.
Девојките на “старата дама” постигнаа 12 голови од 54 шутови кон голот на Саса од Македонска Каменица, додека нашите шампионки не упатија ниту еден удар кон противничкиот гол.
Во првото полувреме Јувентус водеше со 4:0, што ја најави катастрофата за македонските шампионки.
Стрелци на головите беа Аријана Крусо во два наврати, Росучи и Џирели.
Во вториот дел мрежата на Македонките се тресеше уште 8 пати, а за тоа заслужни беа Бонансеа, Џирели, Замаријан, хет-трик на Сташкова, Карусо стигна до уште еден хет-трик и Бонфантини.