Сара Јованова од Македонски Брод е ученичка во трета година во СЕПУГС “Васил Антевски-Дрен” во Скопје и девојка која располага со неверојатни ораторски способности. Таа е победник на овогодинешниот Државен натпревар „Образовно рандеву 2025“ на МАССУМ, а нејзиниот говор ќе предизвика лавина од емоции кај секој еден од нас.
Темата на говорот е загубените млади животи низ градските улици поради дивеење на поединци, борбата на родителите за правда, трулоста на системот кој често се става во заштита на моќниците и сторителите…..
Слушнете во продолжение: