Нашата Нина Ансароф ја забележа четвртата попбеда по ред и досега најголема во УФЦ на настанот УФЦ 231 во Торонто, Канада.
Нина Ансароф – Стрина губеше по првата рунда од Клаудија Гадела, а во следните две се созема и ги доби.
Sidekick to the face!@NinaAnsaroff #UFC231 pic.twitter.com/7rGd6Msr9z
— UFC (@ufc) December 9, 2018
Make it four straight!@NinaAnsaroff #UFC231 pic.twitter.com/4bUGXGNKRR
— UFC (@ufc) December 9, 2018
Ансароф, која на себе го има истетовирано македонското знаме и во кариерата има скор 10-5 во ММА и 4-2 во УФЦ, имаше изедначена борба со Гадеља, која на крајот по три рунди успеа да ја добие со 29-28. За неа, ова е најголема победа во кариерата.
Македонката која живее во САД е се поблиску до врвот на УФЦ и наскоро може да очекуваме и голема борба, да се бори за титулата.