Девет активни пожари во Македонија, и натаму гори во прилепско Бешиште и Македонски Брод

Центарот за управување со кризи утрово информира дека во моментов се активни девет пожари, меѓу нив и пожарот на депонијата во Визбегово, како и во Чучер Сандево.

Од ЦУК напоменуваат дека пресекот е изработен врз основа на информации од регионалните центри. Од Регионалниот центар – Скопје се добиени податоци само за периодот од 20:00 до 07:00 часот.

Еве каква е состојба со пожари на отворен простор (09/10.07.2025 до 07:00 часот)

Вкупно активни пожари: 63, од кои:
Активни: 9
Под контрола: 4
Локализирани: 1
Изгаснати: 49

Активни пожари (9):

Чучер Сандево – Блаце (ниска вегетација)
Шуто Оризари – с. Визбегово (депонија)
Прилеп – с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид (мешана шума)
Македонски Брод 1 – помеѓу с. Црешнево и с. Локвица (дабова шума и грмушки)
Македонски Брод 3 – с. Рамне (ниска вегетација, пожар проширен од фабрика „Самоков“)
Македонски Брод 4 – с. Слатина (мешана шума)
Македонски Брод 5 – с. Ковче (мешана шума)
Чашка – под Солунска Глава, м.в. Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (чад во карпест дел)
Дојран – с. Николич (нискостеблеста шума)

Локализиран пожар (1):

Кочани – м.в. Бабиште, помеѓу с. Јастребник и с. Полаки (ниска вегетација и мешана шума)

Пожари под контрола (4):

Делчево – Градска депонија „Острец“
Виница – с. Драгобраште (ниска вегетација и нискостеблеста шума)
Крива Паланка – с. Градец и с. Лозаково (борова, дабова и багремова шума)
Желино – с. Ларце – различна локација (мешана шума)

Изгаснати пожари (49):
• Скопски регион: Гази Баба (Смилковско), Шуто Оризари, Куманово (11 локации), Чучер Сандево
• Пелагониски регион: Прилеп (7), Битола, Могила, Крушево (2)
• Вардарски регион: Велес (5), Кавадарци, Росоман
• Источен регион: Кочани, Виница, Делчево, Пробиштип (3), Чешиново-Облешево
• Североисточен регион: Ранковце, Кратово, Старо Нагоричане (2)
• Југоисточен регион: Радовиш, Ново Село, Дојран
• Повардарски регион: Свети Николе (3)
• Полошки регион: Желино (2), Теарце, Гостивар, Јегуновце




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.