На кратко за активностите на властите во општините денеска…
Заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска заедно со замениците министри за образование и наука Елизабета Наумовска и за локална самоуправа Дејан Павлески извршија увид во изградбата на спортската сала во училиштето „Али Фетхи Окјар” во село Дебреште, Општина Долнени.
Инвестицијата е вредна 24 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на државата, поточно од Министерството за образование и наука и од Банката за Развој при Советот на Европа.
Министерстерот пак за локална самоуправа, Горан Милевски денеска оствари работна средба со градоначалникот на Сарај, Блерим Реџепи во Кондово за проектот „Спорт за сите здравје за сите – Изградба на иновативно мултифункционално игралиште“, што е во завршна фаза.
Во Прилеп пак пак изминатите 3 месеци се врши реконструкција на булеварот “Гоце Делчев” и дел од улицата “Прилепски бранители”.
И додека во Кондово и Дебреште никуваат нови објекти, во Прилеп реконструкцијата на булеварот резултираше со 7 пресечени дрва од најубавиот дрворед во градот.