Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, по повод 3-ти Ноември – Денот на ослободувањето на Прилеп, оваа година ќе ги додели овие награди и признанија:
Награда за животно дело на Дуетот Кавсер Селимова и Ѓорѓи Желчески, за достигнувања во промоција на македонската музика во светот.
Плакети ќе добијат:
“Ротари клуб” – Прилеп, “Ромска солза” – Прилеп, Центарот за современа ликовна уметност, Џудо клуб “Сеишин” и ПСЗ “Козјак”.
Комисијата донесе одлуки и за доделување на Награди-Дипломи на:
Рубинчо Белчески, Владо Ѓоргиески, Димитрија Чучуроски, Сузана Николоска, Драгомир Михајлоски-Пижа, Теодора Ристеска, Снежана Паноска и Валентина Пурдеска.