Две убедливи победи на ППК Младот на почетокот од пролетната полусезона

20160319_111841

Изминатиот викенд стартуваше пролетниот дел од првата пингпонгарска лига на Македонија. Екипата на Младост 96 одигра два натпревари и забележа исто толку победи. Во саботата беше одигран одложениот натпревар со директниот конкурент за влез во Супер лигата, екипата на Мултитекс од Битола, и беше извојувана победа од 5-2. Одлични партии прикажаа Александар Рикалоски и Антонио Стомнароски, кои забележаа по две победи, како и Методија Иваноски кој имаше една победа. Во неделата се одигра деветтото коло каде ППК Младост 96 гостуваше во Скопје кај екипата на Пошта 2. Извојувана е победа од 5-1 и повторно Рикалоски и Стомнароски прокнижија по две победи, а Иваноски една. Со овие две победи ППК Младост 96 е на второто место на табелата, кое води во бараж за влез во Супер лигата, но до крајот остануваат уште 5 кола, каде ќе се обидат да го стигнат лидерот, екипата на “Ѓорче Петров”, кој бега со 4 бодови на врвот од табелата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.