Идентични близначки од САД родиле момчиња, во иста болница, во само неколку часа разлика. Џил Џустинијани го родила синот Оливер во 18:39 часот, а Ерин Чеплак, во 23:31 ч. го дочекала својот Силас, во болницата „Анахајм Кајзер“ во Калифорнија.
Децата се родиле со иста тежина и должина – 3.620 грама и 50,8 сантиметри.
Близначките си помагаа една на друга за време на бременоста, па нивните сопрузи и се шегуваа дека тие две може да се породат во ист ден.
– Какви се шансите за ова? Не можам да верувам дека ова се случува!, се присети Џустинијани.
Сестрите биле и пуштени од болница ист ден со своите бебиња.