Две од две победи за прилепчани на стартот од сезоната

Во рамките на 2. коло од Групата А во Првата кошаркарска лига на Македонија се одигра натпреварот помеѓу Тетекс (Тетово) и Мега Баскет (Прилеп).

На гостински терен во Тетово, прилепскиот тим забележа нов триумф, совладувајќи го противникот со резултат 78:85. Ова е втора победа за Мега Баскет во новата сезона од исто толку одиграни натпревари.

Најдобар поединец во редовите на Мега Баскет беше Владимир Враниќ со 23 поени. Христијан Радически постигна 20, а Блажо Митков запиша 13 поени.

Во наредното коло прилепчани ќе се соочат со Водно Санс на домашен терен.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.