Две од две победи за одбојкарските ветерани на 11-ти Октомври Прилеп

Денеска во Велес се одигра второто коло од одбојкарската лига за ветерани. Во интересен натпревар прилепската екипа
“11 Октомври” ја забележа својата втора победа од исто толку натпревари.

Во градот на гемиџиите, прилепчани триумфираа над екипата на Гевгелија со 2:0 во сетови, што е 100 % учинок.

За екипата на “11 Октомври” настапија: Теодор Ангелески, Димитар Стрезоски, Зоран Пилоски, Мартин Наумоски, Николче Димовски, Петар Толески и Гоце Бурнески.

Во улога на тренер на екипата беше Дејан Димоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.