Родителите на кантавторот Ѓорѓе Балашевиќ никогаш не присуствувале на ниту еден концерт на нивниот син.
Тој со своите песни и текстови одбележа цела ера во музиката, а сигурни сме дека неговите песни ќе се пеат со децении.
Кога ја започнал кариерата, неговите родители Вероника и Јован биле против неговиот животен избор да се занимава со музика – мислеле дека треба да се занимава со географија, за што и студирал.
– Мислам дека е многу добро што Ѓорѓе сето ова го постигна без помош и туркање. Дома, каде што тој постојано ги пишуваше стиховите и шегите, не го сфативме сериозно кога рече дека може да успее. Верувавме дека просперитетот на таков простор бара голема поврзаност, влијателни луѓе… – изјави мајката на Ѓорѓе, Вероника во интервју за Новости во 1980 година.
Се започнало кога Ѓоле еден ден се јавил во радио и им рекол дека има песна што би сакал да ја слушнат.
– Знаете, јас и мојот сопруг знаеме најмалку за тоа како успеа нашиот син! Бевме навикнати на неговиот ведар дух, на леснотијата со која може да се изрази, но никогаш не помисливме дека тоа може да биде толку блиско и драго на некој друг, покрај нас. И денес тоа што го прави, го прави лесно. Тој не е фанатик – рече тогаш таа.
За жал тие никогаш не присуствуваа на негов концерт.