Две лица загинаа, три се тешко повредени во тешка сообраќајка кај Радобил

Две лица загинаа, а тројца се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 17 часот на патот А1 Прилеп – Росоман, во близина на селото Радобил.

Според информациите од МВР, во несреќата учествувале две патнички возила. Три лица со повреди се пренесени во болницата во Прилеп, а две во болницата во Кавадарци, каде што лекар констатирал смрт кај две лица.

Од 18 часот сообраќајот на делницата се одвива по една коловозна лента со наизменично пропуштање на возилата.

„Со детали соодветно ќе ја известиме јавноста по завршувањето на увидот,“ стои во соопштението на МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.