Во организација на Кино сојузот на Македонија и Народна техника, во петокот во Мулти културниот центар во Кочани се одржа 52. Државен фестивал на непрофесионален (аматерски) филм.
На фестивалот во конкуренција беа 70 филмови од цела Македонија, а филмот “Ти можеш” на прилепчаните Марјан Беџоски и Никола Димески влезе во 14 официјални и освои две награди – златна плакета за краток филм и златна плакета за сценарио.
Овие награди на двајцата прилепчани и нивниот филм им носат и учество на интернационалниот филмски фестивал Union Internationale du Cinéma.
Честитки за постигнатиот успех и уште поголеми во иднина.