На Меѓународниот меморијален турнир во бокс “Павел Лучевски”, кој се одржа во Молдавија, прилепскиот клуб “Ронин” оствари одлични резултати.
Браќата Ален Рустемовски и Адријан Рустемовски, како членови на Боксерскиот клуб “Пелистерски јунак” од Битола се закитија со златни медали, а Илчо Костовски од БК “Ронин” Прилеп дома се врати со сребро.
Македонската екипа беше предводена од тренерот на Ронин, Филип Сливјаноски, кој пак доби признание за најдобар тренер на турнирот.
Честитки за нашите боксери и желби за уште поголеми успеси во иднина.