Две деца прегазени во Прилеп, возачот избегал

Две малолетни лица на возраст од 12 и 13 години се повредени во сообраќајна несреќа која вчера вечерта се случила во Прилеп на ул.„Трајко Тарцан“.

 

soobrakajka-pesak-640x360-40115

-Засега непознато лице управувајќи автомобил, удрило во пешаците-деца на возраст од 12 и 13 години. Децата се пренесени во прилепската болница каде кај 13 годишното дете се констатирани тешки повреди, додека 12 годишното дете се здобило со телесни повреди, информираат од полицијата.

Увид на лице место извршила екипа од ПС-Прилеп. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.