Револтирани граѓани од населбата Варош во Прилеп испратија фотографии до нас од улицата “Илија Компаниоски”, каде деновиве се извршувало асфалтирање.
Според она што го кажуваат граѓаните, општинските власти им туриле помалце од 2цм. асфалт на улицата.
Тоа го илустрираа со помош на метро, а во нивната реакција велат дека ова е бедно и срамотно.
“Два центиметри асфалт ќе пропаднат при првиот дожд, или кога некое потешко возило ќе помине низ улицата”, велат тие.