Уште еден македонскиот напаѓач, од италијанското Калчо, потврди дека е во одлична форма.
Илија Несторовски беше стрелец на два гола, а асистираше и при постигнувањето на првиот, во мечот од Серија Б, во кој неговиот тим Палермо со 4-1 го победи Карпи.
Несторовски ги постигна вториот и четвртиот погодок за својот тим, а при постигнувањето на третиот, асистент беше Александар Трајковски
Ова е добра вест и за македонскиот селектор Игор Ангеловски, пред стартот на циклусот квалификации за ЕП 2020 година и дуелите против Летонија во Скопје на 21 март, односно гостувањето кај Словенија три дена подоцна (24 март, „Стожице“).