Во рамките од 36-то коло во италијанската Сериа Б, Палермо ја дочека екипата на Цитадела, во натпревар во кој за екипата на Несторовски и Трајковски само три бода значат успех.
Македонските репрезентативци во две минути два пати ја затресија противничката мрежа и му донесоа водство на Палермо од 2:0 пред полувремето.
Најпрво Несторовски во 21-та мунута стрелаше прецизно, а веднаш потоа и Трајковски во 23-та.
Палермо пред натпреварот се наоѓаше на третото место на табелата и се бори за втората позиција која води директно во Сериа А.