Два нови случаи со коронавирус во Прилеп: Бројката се искачи на 12

Министерот за здравство Венко Филипче на попладневната прес конференција предмалку соопшти дека во изминатото деноноќие има нови 25 случаи со коронавирус во Македонија.

По градови: Скопје- 7, Куманово-7, Прилеп-2, Тетово-5, Струга-2, Гевгелија -1, Кочани -1.

Бројката на лица инфицирани сега изнесува 354 лица.

Филипче соопшти и дека оздравени се уште 5 пациенти, а за жал има уште еден смртен случај.

Се работи за 65-годишна жена од струшко Лабуништа.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

 Скопје – 183

 Куманово – 54

 Дебар – 47

 Штип – 15

 Прилеп – 12

 Тетово -13

 Струга – 9

 Велес – 6

 Битола – 4

 Охрид – 3

 Кавадарци – 2

 Гостивар – 1

 Гевгелија – 2

 Струмица- 1

 Крива Паланка – 1

 Кочани – 1




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.