Два бели гулаби слетале на иконата Богојавление во црквата Преображение во градот Негуш во Егејска Македонија. Настанот се случил на Бадник, 6 јануари оваа година – објави “Денешен.мк”.
За време на крштевањето на Исус во реката Јордан, кое го извршил свети Јован Крстител, небото се отворило, а Светиот Дух се појавил во вид на гулаб.
Во моментот кога Свети Јован Крстител го крштевал Исуса Христос во реката, во еден миг се појавило Светото Тројство: гласот на Отецот му се јавил на сетилото за слух, Духот на сетилото за вид – во вид на гулаб на небото, а Синот бил достапен за сетилото за допир.
Извор: “Денешен.мк”