ДВАЈЦА ЦИМЕРИ НЕМАЛЕ КАДЕ ДА СПИЈАТ: Сега се милијардери

Пред десет години , двајца цимери морале за 10 долари да го издаваат својот душек на надувување за да имаат за живот . Сега нивната компанија вреди 30 милијарди долари .

Airbnb тргнале со идеја да го олеснат и унапредат начинот на наем на сместување . Иако денеска важат за една од најголемите онлајн компании за посредство при сместување , нивните почетоци не биле лесни .

Во 2008 цимерите Брајан Чески и Џи Габиа не можеле да плаѓаат кирија за својот апартман. Дошле на идеја својот душек на надувување да го издаваат за 10 долари дневно , а со тек на времето увиделе дека идејата може да им донесе успех. Така во август истата година се појавиле со интернет страницата Airbad& Breakfast.

За да го заработат почетниот капитал , на изборната кампања продавале садови со житарки со ликовите на кандидатите Обама и Меккејн. На тој начин за два месеца заработиле почетен капитал од 30 000 долари.

Следната 2009 година ја почнале посигурни со британски инвеститор , но и со ново име – Airbnb. Од тогаш компанијата има неверојатен раст . Во 2014 имале 10 милиони корисници , кои со нивна помош резервирале сместување , како и 550 000 огласени места за сместување низ целиот свет. Во 2016 , бројот се зголемил на 80 милиони.

Денеска посредниците за наем на недвижност имаат 164 милиони корисници во целиот свет, кои со нивна помош одат на одмор во 81 000 градови во 191 држава .




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.