Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево во Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против К.Т.(47) и З.Д.(46), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека извршиле две кривични дела „тешка кражба“, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 355 000 денари – информираат од МВР.
Пријавените, на 09.03.2020 во два стана на бул.„Јане Сандански“ во Скопје насилно влегле во становите и одзеле пари и златен накит. По извршување на второто дело биле пресретнати од полициски службеници од Полициската станица Аеродром и почнале да бегаат, но набргу потоа биле пресретнати и лишени од слобода. Притоа, кај нив биле пронајдени украдените предмети и алатот, кој го носеле со себе, специјално изработен за насилно отварање на сеф брави.
Во разговор со полициски службеници, со присуство на Јавен обвинител, пријавените во целост ги признале делата.