Двајца повратници и еден новајлија во редовите на ФК Победа

Од понеделникот на подготовките на фудбалерите на Победа се приклучија тројца нови фудбалери.

Двајца од нив се повратници – младиот Кирил Неделков (20 години) доаѓа од Плачковица, а беше член и практично ги мина повозрасните категории од школата на Победа, како и Мирко Симјаноски, кој доаѓа од Тетекс, а минатата сезона 6 месеци го носеше дресот на Победа.

Третиот нов играч е 27-годишниот лев офанзивен страничен фудбалер Петар Најдов, кој доаѓа од Кит-Го, а настапувал во Тиквеш, Плачковица, Вардар Неготино и 11 Октомври.

Екипата продолжува со подготовките, а првиот тест е в недела, со третолигашот Напредок од Крушеани.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.