Двајца владици за храмовата слава на црквата Св. Петка во Прилеп

По повод славата на прилепскиот храм посветен на Св. Петка Римјанка денеска (среда), со почеток во 18:00 часот ќе биде отслужена вечерна богослужба со која ќе чиноначалствува викарниот архиереј на Преспанско-пелагониската епархија, епископот Велички г. Никола а во четврток со Божествената Архиерејска Литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар.

Ги покануваме прилепчани да дојдат и да земат активно учество во богослужбеното чествување на споменот на св. Петка Римјанка.
Нека е на помош и за многу години!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.