Двајцата браќа живеат во Лондон во скап стан, а се што денес им треба е огромна плазма во станот, два лаптопа и сметка во кладилница.
Браќата Алекс и Гавин Вокер се обидоа да појаснат како заработиле толку пари.
-Се кладиме само на фудбал и главно играме сингл натпревари. Најдобро е да ги играте натпреварите кои се почнати, затоа што тогаш е полесно да се донесе одлука за тоа што ќе се случи на мечот, вели Гавин Вокер.
-Се кладиме буквално на се, на пример ќе станеме во 7 наутро и ќе гледаме женски натпревар меѓу Узбекистан и Јапонија до 16 години. Ќе најдеме добар стрим од Кина, ќе се навалиме на креветот и уживаме, вели тој.
Истакнува дека дневно гледаат по пет меча и дека никогаш не им здосадува, а дека нивните влогови секој пат се повисоки и повисоки.
Порака за кладилничарите?
-Играјте натпревари кои се во тек и немојте да ставате повеќе натпревари на тикетите. Само синглови поминуваат. Морате да ги побарате кладилничарските коефициенти кои се погрешни и тоа да го искористите, вели Вокер.