Дванаесет момци и две храбри девојки од Битола тргнаа на коњи за славно Крушево (Фото/Видео)

Илинденската коњаница од Битола од денеска го започна своето седумдневно патување до Крушево, каде ќе пристигнат на Илинден.

Фото/Драгана Спасевска

Во коњаницата “Галоп” учествуваат 12 момчиња и две девојки, а патувањето го започнаа денеска од пред Офицерскиот дом во Битола.

-За овој предизвик кој прв пат се организира во рамки на фестивалот „Илинденски денови“ се подготувувавме шест месеци, почнувајќи од месец јануари и се до денес. Подготовките беа тешки и напорни, но неуморно ги подготвувавме коњите, но и ние лично се подготвуваме со кондиција за издржливост. На патот до Крушево се и две девојки Симона и Ивана кои изразија желба да се вклучат во одбележувањето на Илинден и да се оддаде почит на илинденците кои го дале животот за Македонија, истакна Стојчевски и потсети дека само во битолското село Цапари биле евидентирани 94 илинденци.

Според планот, битолската коњаница во Крушево треба да пристигне на 31 јули, на 1 август ќе учествуваат на дефиле во Крушево, а на 2 август на Мечкин Камен ќе го одбележат државниот празник Илинден.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.