Дванаесет илјади денари за средношколци во социјален ризик

dimespasov-pres

И оваа учебна година средношколците во социјален ризик ќе имаат можност да добијат условен паричен надоместок во износ од 12.000 денари. На оваа тема денес на пресконференција говореше министерот за труд и социјална политика Диме Спасов кој информира дека е распишан новиот јавен повик за условен паричен надоместок.

Програмата на условен паричен надоместок предвидува финансиска поддршка од 12.000 денари за учениците во средно училиште кои што редовно посетуваат настава и се членови на домаќинства кои што се приматели на социјална парична помош. Сите заинтересирани потребно е да аплицираат во Центрите за социјална работа до 30-ти септември, а се предвидува ова парично право да се реализира квартално, со исплата на финансиската поддршка на мајките на овие лица. Сите оние кои што редовно посетуваат настава, односно присуствуваат повеќе од 85 проценти на наставата, односн о на часовите ќе до бијат дополнителна финансиска поддршка. Досегашните корисници на условен паричен надоместок потребно е за оваа година повторно да аплицираат во месно надлежните Центри за социјална работа, информира министерот.

Како што посочи, за реализација на оваа програма за учебната 2016/2017 година обезбедени се сретства во износ од 7 2 милиони денари и се планира финансиска поддршка на вкупно 6.000 корисници. Оваа програма се реализира од учебната 2010/2011 година. Досега се реализирани вкупно 409 милиони денари и финансиски се поддржани околу 46.000 корисници.

Реализирано ветувањето за зголемување на социјалната и постојаната парична помош

Инаку за потсетување, во насока на поддршката на социјално ранливите категории на граѓани, годинава во месец јули беше реализирано ветувањето за зголемување на социјалната и постојаната парична помош за пет проценти.

Последното реализирано ветување придонесе во последните неколку години износот на социјалната парична помош да порасне за околу 69,8 проценти, додека пак постојаната парична помош за околу 68, 5 проценти.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.