Да тргне годината: По 3.000 денари за сите првачиња во оваа општина

Општина Неготино исплати по 3.000 денари за 179 првачиња, информираа денеска од Службата за односи со јавноста при неготинската локална самоуправа.

– На сметките на родителите на 179 првачиња од двете основни училишта во градот и подрачните училишта, од буџетот на Општина Неготино се исплатени по 3.000 денари еднократна поддршка на почетокот на учебната година. За таа цел од општинскиот буџет се издвоени средства во висина од 537.000 денари, соопштија од општинската прес-служба.

По 3.000 денари се исплатени за 101 прваче од ООУ „Страшо Пинџур“ и 78 првачиња од ООУ „Гоце Делчев“, заедно со подрачните училишта што функционираат во рамки на двете основни училишта.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.