Ќе се уредува комплетно речното корито во селото Марена, денеска беше кажано дека семејството на бизнисменот Орце Камчев, чиј татко има потекло од ова село, ќе донира околу 300 илјади евра за реализација на овој проект.
Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев рече дека е ова еден од клучните и значајните проекти за селото Марена.
Камчев истакна дека иницијативата била на градоначалникот.
– Ние како семејство сме среќни што можеме да го донираме овој проект во родното село на мојот татко, подвлече Камчев.
Претседателот на Совет на Општина Кавадарци, Стојанче Рамов потсети на тоа што го велат старите, дека каменот си тежи на местото.
– Апел до сите наши влијателни фамилии кои потекнуваат од нашиот крај, да го следат овој чекор, порача тој.



























