7-годишниот Амар Ајвазоски oд Прилеп, ученик во ООУ “Добре Јованоски” од Прилеп, боледува од церебрална парализа и потребно му е итно лекување во Турција.
Неговите родители не се во можност да ги соберат потребните средства и бараат помош од сите хумани и добронамерни граѓани и општествено-одговорни компании.
Колективот на ООУ “Добре Јованоски”, ги повикува сите хумани граѓани да му помогнат на малиот Амар.
-Драги пријатели, на нашиот ученик Амар Ајвазоски му е потребна нашата помош за лекување во Турција. Ве замолувам да не го одбегнувате овој пост со кој сите можеме да помогнеме да се соберат средства за да се изврши операцијата. Неговите родители не се во можност да ги обезбедат овие средства, ама затоа ние сите заедно можеме да помогнеме. Ве повикувам сите што сте во можност да донирате, посебно фирмите и добронамерните граѓани! Верувам во вас и вашите благородни срца. За повеќе информации ѕвонете на мојот телефонски број 078230041! Ви благодарам – напиша на ФБ директорката на училиштето, Панде Николоска.
Освен на приложената жиро сметка, секој граѓанин парични средства може да донира и во училиштето.