Навивачката група “Мајмуни” повикува на мобилизација за мечот во сабота помеѓу Борец од Велес и Победа, кој ќе се одигра на стадионот “Младост” во Струмица.
Ова е последна битка за Победа сезонава, битка која доколку се добие ќе значи опстанок во најелитното фудбалско друштво, а кикс ќе значи преселба во понизок ранг.
Борец после изведувањето на пенал рулетот славеше над Гостивар и се избори за меч со црвено-белите од Прилеп.
Велешани ќе се потрудат да и ги замрсат сметките на Победа, затоа потребна е целосна фокусираност во сите 90 минути на натпреварот.
Победа прволигашката сезона ја заврши на 8-то место на табелата, па затоа ќе мора да го одигра “плеј-аут” дуелот со Борец.
Тргнувањето за натпреварот е во 13:00 часот пред “Реклами” во центарот на Прилеп.