ФК Македонија Враништа е третолигаш во Третата лига југозапад, а од неодамна имаат еден за нив голем проблем
“До сите кои имаат добиток (крави) кои ги пасат во игралиштето на нашиот клуб кои после 4-5 пати замолени да не го прават истото и да не го уништуваат она кое се трудиме со години да го разубавиме, ги ИЗВЕСТУВАМЕ дека утре 21.05.2020 год Четврток игралиштето ке биде испрскано со средство кое е штетно за секаков добиток кој ќе ја проба тревата!!! Фк Македонија после ова ИЗВЕСТУВАЊЕ не сносува никакви последици! Спортски поздрав”, напишаа на Фејсбук старанта од клубот.