Во спортската сала „Бранители 2001“ во Крива Паланка се одржа Државното карате првенство за деца, на кое учествуваа 283 натпреварувачи од вкупно 52 клуба.
Салата „Бранители 2001“ и општината Крива Паланка како град допринесоа за високиот квалитет на турнирот и ја потврдија довербата да бидат домаќини.
На Државното првенство беше присутен и претседателот на Карате федерацијата на РС Македонија, Петар Белистојаноски како и градоначалникот на општина Крива Паланка Сашко Митовски, кој го отвори првенството а на сите натпреварувачи им посака успех во нивната спортска кариера.
Државното првенство беше изборен турнир за учество на Балканскиот шампионат кој ќе се одржи во Бар, Црна Гора во периодот од 26 до 28 мај.
На турнирот учество зеде и Леонид Белески, ученик од ООУ “Кире Гаврилоски” oд Прилеп и член на Карате клубот “Бонсаи”.
Леонид се закити со златен медал во борби и сребро во кати, па нареден предизвик ќе му биде Балканското првенство во Црна Гора.