Да му посакаме среќа и успех! Прилепчанец утре ќе вози на Европското првенство за друмски велосипедизам во Франција и ќе биде единствен Македонец (ФОТО)

Од 1. до 5. октомври во Drôme Ardèche во Франција, се одржува Европско првенство во друмски велосипедизам, а утре (3.октомври), боите на Македонија во јуниорска друмска трка ќе ги брани Константин Костоски од Прилеп.

Трката започнува во 15:35 часот, истата е со должина од 103.4 км, како и 2.000 метри елевација, што ја прави патеката многу тешка.

Стартуваат 150 јуниори од 38 држави, а Константин е единствен претставник на Македонија.

Да му посакаме успех!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.