Да му посакаме среќа: Државниот првак од Прилеп ќе учествува на силен боксерски Меѓународен турнир

Боксерската федерација на Македонија ќе учествува со седум боксери на Меѓународниот боксерски турнир „Лах Нимани“ во Приштина кој ќе се одржи на 20 и 21 мај.

Боите на Македонија ќе ги бранат:

48 кг Бајрам Мамутов
51 кг Мартин Јузмески
57 кг Адријан Рустемовски
63, 5 кг Ружди Рустемовски
71 кг Марио Ефремов
75 кг Влатко Василевски

Меѓу нашите боксери е и Матеј Чатлески од Прилеп, кој ќе боксува во категорија до 80кг. Чатлески е двократен последователен ДРЖАВЕН ШАМПИОН во неговата категорија.

Да им посакаме среќа на нашите боксери и да се надеваме дека ќе не израдуваат со врни резултати од овој турнир.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.