Методија е татко на две малоленти деца и во моментов се соочува со најтешката битка во животот- соочен е со дијагноза рак на желудник. Семејството бара помош во нивната заедничка борба да ја победат болеста.
Неговата сопруга преку Фондацијата “Павел Андреев” се обрати до сите хумани граѓани во и надвор од државата:
Што им кажуваш на децата кога тато се бори за живот?
Јас сè уште го барам одговорот…
Мојот сопруг Методија, татко на нашите две деца од 10 и 14 години, се соочи со дијагноза која ни го смени животот преку ноќ – рак на желудник. Веста дојде ненадејно и нè остави без здив, без време за подготовка, само со еден страв – дали ќе успееме.
Методија започнува со хемотерапии, со надеж дека болеста ќе се забави и дека ќе се создаде можност за хируршки зафат. Болеста е агресивна и бара напреден третман, а трошоците секојдневно растат. И покрај сè, тој покажува сила и храброст каква што не сум видела досега – заради децата, заради нас.
Како семејство правиме сè што можеме, но оваа борба е и емоционално и финансиски премногу тешка за нас сами. Затоа се обраќам до вас – со надеж, но и со искреност.Ве молам, помогнете ни колку што можете. Секоја донација, секое споделување и секоја молитва значат многу за нас и ни даваат сила да продолжиме.Од срце ви благодарам на сите што ќе застанат покрај Методија и нашето семејство во овој тежок период.
Направете донација (во Македониja и во странство) со картичка, PayPal, ApplePay, GooglePay, Revolut:
Банка:Allianz Bank
IBAN:BG09BUIN95611000739744
BIC:BUINBGSF
Примател: Foundation Pavel Andreev
Цел на дознака: Metodija Zvrcinov
Можете да донирате на платформата без разлика на која валута се парите на вашата сметка/картичка брзо, лесно и безбедно.
























