Да им посакаме среќа: Трите девојки борачки од Прилеп отпатуваа во Грција – Ќе ја претставуваат Македонија на Балканско првенство

Ангела Трајкоска Тамара Цветкоска и Елена Дејковска од Боречкиот клуб “7-ми Мај Златна рака” од Прилеп, после завршените подготовки во Косово, денеска отпатуваа за Грција, каде ќе ја претставуваат Македонија на Балканското првенство за пионери и кадети.

Девојките забележаа одлични резултати на натпреварувањата во изминатиот период, а балканскиот собир во соседна Грција ќе биде голем предизвик од кој повторно се очекуваат успеси.

Натпреварувањето ќе се одржи од 4-7 мај.

Им посакуваме многу среќа и да ни се вратат со медали!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.