Да им посакаме среќа! Две девојки ќе ја бранат гордоста на прилепското борење на Европското првенство во Скопје

Вчера во спортската сала “Борис Трајковски” во Скопје, започна Европското првенство за кадети У17, а натпреварите ќе траат до 15. јуни.

Гордоста на прилепското борење ќе ја бранат борачките од БК “7-ми Мај” од Прилеп, Ангела Трајкоска (49 кг.) и Тамара Цветкоска (61 кг.).

Девојките со натпревари започнуваат утре, на 11.јуни, подготвени се – со срце, со страст и со цел да го дадат најдоброто од себе на европската сцена.

-Ова не е само натпревар. Ова е резултат на месеци напорна работа, дисциплина и верба. Секоја борба е нова можност да покажеш кој си. Секој чекор на душеците е чекор поблиску до сонот. Вие веќе сте наши шампионки – сега е време и Европа да ве запознае! Напред Ангела! Напред Тамара! БК „7-ми Мај“ е зад вас, Македонија е со вас – порачуваат од прилепскиот борачки клуб.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.