Од прилепската општа болница “Борка Талески” на Фејсбук објавија видео снимено од безбедносните камери, на кое може да се види како девојка кради цвеќе од пред влезната врата.
“Некој се труди да направи нешто убаво за болничкиот влез и изглед, а некој како овие несовесни посетители со крадење гледа да го уништи истото”, напишаа од болницата.