Неколку месеци живеат без струја, немаат ниту дрва за греење, бараката каде се сместени е разрушена и кога врне внатре им тече вода. За храна пак им помагаат нивните роднини и пријатели – објави порталот “ИнфоКомпас”.
Во ваква беда живее семејството Мирчески од Прилеп во т.н социјални бараки во населбата Варош. Сашо Мирчески е глув, а веќе 5 месеци оди и на дијализа.
Поради проблемот со бубрезите сега е комплетно неработоспособен.
Живеат само со 4.000 денари месечно пари кои ги добива за мобилност.
Извор: “infokompas.com.mk”