Пренесуваме Фејсбук статус на Александар Трајковски кој известува дека на Анета Стојменовиќ, сопруга на загинат бранител на Македонија во инцидентот во Диво Насеље ѝ се потребни средства за операција.
Го пренесуваме статусот во целост:
“ДОНИРАЈ
СПОДЕЛИ
Ова е Горан Стојменовиќ кој загина бранејќи ја Македонија во Диво Насеље.Кога на Македонија и беше потребен, Горан загина за неа.
Денес ние сме потребни на семејството на Горан. Анета Стојменовиќ е сопруга на Горан Стојменовиќ.За жал пред извесно време кај Ане е дијагностицирана дискусхернија на вратната кичма за која постои опасност да сноси последици и на други делови од телото и потребна е итна хируршка интервенција.
За таа цел потребна е наша помош преку собирање на парични средства за потребната операција која треба да се изврши во Белград, Србија која чини 10.000е.
Операцијата е закажана на 14.03.2022.
Рокот за собирање на средствата е краток.
Ајде заедно да помогнеме!Број за донации: Т-Моб 143177 Анета Стојменовиќ! 250500017937617 Охридска Банка” – стои во објавата.
Однапред Ви благодариме за хуманоста.